Меланија Трамп одбра машки сив костум за средбата со Џастин Трудо
- Детали
- четврток, 12 октомври 2017
Првата дама на САД докажа дека женственоста може да се покаже и во машки костум.
Иако сме навикнати да ја гледаме Меланија Трамп во типичен дамски стајлинг, за средбата со премиерот на Канада, Џастин Трудо и неговата сопруга Софи Трудо, таа одбра елегантен сив костум со бела кошула.
Интересен детаљ беше црната вратоврска која Меланија ја носеше одврзана. Изгледот го надополни со нејзините омилени црни високи потпетици.
Трудо и неговата сопруга допатуваа во Вашингтон и за да присуствуваат на самитот Fortune Most Powerful Women. На вечерата, Иванка Трамп, која и претходно покажа дека „падна“ на шармот на Канадскиот премиер, седеше до него и неговата сопруга.
Погледнете повеќе фотки од средбата во продолжение:
М. В. | Црнобело