Што носеа ѕвездите на Златни Глобуси 2024? (фото)
- Детали
- понеделник, 08 јануари 2024
Марго Роби беше вистинска Барби во долг розов фустан, додека од мажите дефинитивно се истакнуваше Лени Кравиц со впечатливиот, но елегантен костум – што носеа ѕвездите на Златни Глобуси 2024?
Како секој сличен настан, и Златните Глобуси наликуваат на модна писта каде што ѕвездите се појавуваат во беспрекорно издание, а дизајнерите ги покажуваат нивните најдобри креации.
Златните Глобуси се едни од најпрестижните филмски награди, па годинава помеѓу присутните беа и најголемите филмски ѕвезди, но и други познати лица од светот на шоу бизнисот.
Марго Роби беше вистинска Барби со долг розов фустан, додека Хајди Клум се појави во црвен балски фустан со голем шлиц.
Од мажите, дефинитвно се истакнуваше Лени Кравиц со впечатливиот костум, а ѕвездата на вечерта – Килијан Марфи – се појави во поедноставно, но сепак елегантно издание.
Натали Портман изгледаше беспрекорно со долг фустан со интересен дезен, а Кејт Бекинсејл во смела креација покажа дека изгледа одлично и на 50 години.
Што носеа ѕвездите на Златни Глобуси 2024?
Спирова С. | Црнобело