Иванка Трамп во црн, чипкан фустан со сопругот и трите деца
- Детали
- петок, 06 октомври 2017
Познато е дека Иванка Трамп отсекогаш имала непогрешлив моден стил. Речиси и да нема направено модна утка досега, а сé што ќе облече стекнува огромна популарност за кратко време.
Неодамна, Иванка беше забележана на посета на една синагога во Вашингтон, заедно со нејзиниот сопруг и трите дечиња.
За оваа пригода, таа одбра црн, чипкан фустан и смарагдно зелена шапка, во стилот на шапките кои ги носат членовите на кралските семејства.
Позната по тоа што ги следи трендовите, убавата Иванка изгледот го надополни со црн широк ремен, кој ја истакна нејзината фигура.
Нејзиниот сопруг, Џаред Кушнер, одбра темносин класичен костум, со впечатлива портокалова вратоврска.
М. В. | Црнобело