Носела Dior венчаница со 1.500 кристали: Работи што не сте ги знаеле за Меланија Трамп
- Детали
- понеделник, 02 октомври 2017
Уште пред Доналд Трамп да стане претседател на САД, им беше добро познат на сите.
Тој беше бизнисмен кој брзо стана популарен, но сега откако е претседател, јавноста се сврте и кон неговото семејство - неговите деца и секако, неговата сопруга, Меланија Трамп.
За првата дама на САД има неколку факти кои можеби сте ги прочитале, провокативни фотки од минатото кои сте ги виделе но за неа има уште многу други работи кои сигурно не сте ги знаеле.
Освен што ја гледате во нејзините прекрасни модни комбинации, дознајте нешто повеќе за Меланија Трамп:
За почеток да се потсетиме на основните работи кои ви се познати
Таа е родена во Словенија, кариерата со манекенство ја започнала на 16 години, зборува 5 јазици, а со Доналд се запознале на забава во 1998-ма.
Парот се венчал во 2005-та година, а на нивната свадба присуствувале многу познати гости како Хилари и Бил Клинтон.
На свадбата Меланија носела венчаница на Dior со 1.500 кристали.
Една година подоцна, се родил нивниот син Барон Вилијам Трамп.
Иако е зафатена и има многу обврски, таа е посветена мајка.
Во 2010 таа започнала да дизајнира накит за нејзината линија - Melania Timepieces and Jewelry.
Нејзиниот младешки изглед се должи на здравиот живот.
„Се грижам за мојата кожа и тело. Не сум за ботокс и инјекции, мислам дека тие го уништуваат лицето и нервите. Јас сум природна и ќе стареам достоинствено, како мојата мајка.“
A, имала и своја линија за нега на кожа, базирана на кавијар, наречена Melania Caviar Complexe C6.
Таа вели дека на Доналд му се допаѓа тоа што таа не прифаќа сѐ, туку има свое мислење кое го искажува.
Меланија е горда на нејзиниот добар однос со другите деца на Доналд.
„Јас сум им пријател, не мајка. Ги запознав кога беа тинејџери. Одев на нивните матурски и дипломски, па се знаеме многу долго време.“
Таа има постара сестра, Инес, и тие се многу блиски.
Инес била деверица на свадбата на Меланија и Доналд Трамп.
Меланија била Амбасадор на добра волја во Црвен крст на Америка.
М. М. | Црнобело