Вистинска љубов во погрешно време: Марија Шарапова се отвори за врската со Григор Димитров

Една од најпознатите тенисерки во светот, Марија Шарапова, конечно се отвори за врската со својот колега Григор Димитров.

go-guglav-da-vidam-kolku-godini-ima-sharapova-se-otvori-za-vrskata-so-grigor-dimitrov-01.jpg

Во нејзината биографија што излезе неодамна, со наслов „Unstoppable“, Русинката откри детали за 3-годишната врска со Димитров која заврши во 2015-тата.

Григор стапил во контакт со неа преку нејзиниот агент.

„Го гуглав за да видам колку години има. Одвај 21. Да не ме брка закон? Дај му го мојот меил“, му рекла Шарапова на нејзиниот агент.

„Ми текнува дека видов едно дете низ терените на Вимблдон, висок, слаб и насмеан – свесен дека е згоден“. „Му реков на тренерот „Добро е што не беше познат јас кога играв, инаку ќе бев многу деконцентрирана“.

Шарапова вели дека Григор се помачил додека да ѝ го дознае бројот.  

„Прво си пишувавме мејлови, па пораки, па се слушавме по телефон, па на Скајп. Беше едноставно и искрено. Не мислев дека ќе биде нешто сериозно, сè додека еднаш, 30 секунди откако го завршивме муабетот по телефон, Григор ми се јави и ми рече: „Извини, ама многу ми фалеше да ти го слушнам гласот. Може да позбориме уште некоја минута?“

go-guglav-da-vidam-kolku-godini-ima-sharapova-se-otvori-za-vrskata-so-grigor-dimitrov-03.jpg

„После тоа ме праша дали сакам да му бидам девојка, официјално. Ме фати неспремна, не мислев да почнувам нешто такво. Ми рече дека ќе ме чека ако треба “.

Зборовите на Григор биле: „Ќе чекам. Знам што сакам. Да бидам со тебе“.

За раскинувањето на врската Шарапова напиша:

„Пред некое време кога зборувавме со Григор по телефон, откако стигна до полуфиналето на Australian Open, ми рече дека најлошо е кога ја имаш вистинската работа во погрешно време. Па, ми текна на една вечер пред Вимблдон 2015-та.

Претходната година Григор го победи Енди Мареј и стигна до полуфинале, а таму изгуби од Ѓоковиќ во 4 сета. Извади една книга од играчите на Вимблдон во претходните години. Вртеше низ страниците и најде една фотографија од мене, додека го гледав како игра од публика.

Ме погледна, мислам дури и дека му се насолзија очите, и ми рече: „Си го видела ова? Ова е тоа што ми е важно. Кога те видов во публика до мајка ми.“ Во тој момент ме преплавија сите емоции што дотогаш ги потиснував.

И двајцата знаевме дека не можев да му го пружам тоа во тој период од мојот живот. Требаше да се фокусирам на моите натпревари, моите победи и порази, на најважните денови во мојата кариера.“

go-guglav-da-vidam-kolku-godini-ima-sharapova-se-otvori-za-vrskata-so-grigor-dimitrov-02.jpg

„Го изгледав целиот негов натпревар тој ден само затоа што јас рано губев на таквите првенства. Тој имаше убави спомени, а јас имав лоши. Тоа што се случи што му значеше толку, се случи само затоа што јас изгубив. Исто како што кажа – можеш да имаш нешто добро, но најчесто доаѓа во погрешно време“.

М. В. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

8 славни жени кои решија да станат мајки по 40-тата година Хилари Свонк остана бремена на 48 години, Наоми Кемпбел доби син со сурогат мајк...
Анџелина Џоли има нов дечко - 9 години помлад рапер Дали Анџелина Џоли навистина пронајде љубов после Бред Пит? Која карактеристика ...
Долф Лундгрен, познат по улогата во Rocky, го победи ракот на белите дробови по 9 години: „Бев сигур... На актерот Долф Лундгрен му рекле дека има 2, најмногу 3 години живот поради рак...
Камила Кабејо за нејзиното прво сексуално искуство: „Имав 20 години, беше многу убаво“ Во ново интервју, Камила Кабејо откри дека првата љубовна врска ја почнала на 20...
Славни личности кои ја пронашле сродната душа по 40-тата година Многумина би рекле дека Холивуд е познат по раскинувања и кратки бракови, но ови...
Му рекле дека умира од рак, се ожени за 38 години помлада жена – Каде е и што прави денес Долф Лундг... Во 2021-ва година му рекле дека има само уште неколку години живот, но благодаре...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg