Доналд Трамп го прекрши најстрогото модно правило (фото)
- Детали
- петок, 15 септември 2017
Во средата, на средба со сенаторот Тим Скот, претседателот на САД, Доналд Трамп направи незамислива модна комбинација – носеше црни панталони со тегет сако.
И досега ни беше познато дека облеката на Трамп изгледа евтино и дека тој не знае да направи некој посебен моден погодок - претседателот носи одела со широки панталони и предолги ракави, честопати облеката му е изгужвана, а краватата е подолга отколку што треба да биде.
Но, ваква грешка досега уште не сме виделе, а постои можност тој воопшто и да не е свесен дека тоа е грешка.
Оделата вообичаено не се носат посебно бидејќи се создадени со една цел - горниот и долниот дел да се носат заедно, а не да се мешаат со други.
Но, за претседател на САД, човек кој јавноста постојано го следи и има тим кој треба да се грижи за неговиот стајлинг, оваа грешка не се простува.
Што мислите вие за оваа модна утка?
М. М. | Црнобело