Зошто облеката на Доналд Трамп делува евтино, а чини илјадници долари?
- Детали
- вторник, 22 ноември 2016
Добро знаете дека Доналд Трамп сака скапи работи, но тој е добар пример дека „парите не можат да купат вкус“.
Земете го како пример, неговиот избор на костими.
Не зборуваме за колекцијата која тој ја продава под своето име „Donald J. Trump Collection“, туку за костимите кои самиот тој ги носи.
Поголемиот дел од нив се креирани од брендот „Brioni“ - италијански бренд кој креира костими со вредност од $6.000 до $17.000 во зависност од материјалите кои биле употребени и дали се рачно изработени или не.
Самиот бренд произведува луксузни и фантастични костими, но тоа никогаш не би го забележале на Трамп.
Токму заради него можете да го донесете заклучокот дека не е важно „каква облека носите, туку како ја носите“.
Костимите кои тој ги одбира се преголеми, апсурдно широки, а ракавите му се предолги.
Токму заради тоа, целокупниот изглед делува евтино.
Дополнително на тоа, тој често костимите ги носи гужвани...
Н. Г. | Црнобело