Без влакна на јазикот: Како возвраќа Криси Тајген кога некој шири невистини?
- Детали
- петок, 15 септември 2017
Криси Тајген и Џон Леџенд прославија 4 години откако стапија во брак. Славниот пар изгледа позаљубено од кога било, а сепак постојано се измислуваат невистини за нивниот брак.
По повод нивната годишнина, Криси сподели фотка со својот сопруг на Инстаграм.
Убавата Криси е позната по своите оригинални реакции и коментари на лажните гласини што ги шират медиумите. Токму на денот на нивната годишнина, таа сподели уште една фотка со која, во нејзин препознатлив стил им порача на медиумите дека бракот со Џон Леџенд не е во опасност.
Ова во превод би значело: „In Touch, одете во п**** м****, екслузивни ѓубриња сте!“
Очигледно на Криси ѝ се дојдени преку глава ваквите наслови, па уште еднаш покажа што мисли за оние кои ги измислуваат.
М. В. | Црнобело