Од пристојни до провокативни: 10 нивоа на голотија во изгледот на славните дами
- Детали
- вторник, 12 септември 2017
Со месо боја или комплетно проѕирни модели, постои огромна разлика во „голите фустани“, коишто познатите жени неретко ги носат на јавните настани и случувања.
Последните години, се нагледавме мноштво „голи“ фустани на црвените теписи. Трендот на кој никако не можат да му одолеат славните жени, воедно е и сигурен рецепт за привлекување внимание, поради што им е омилен избор при појавување на гламурозните настани.
Но не сите фустани се исти. Всушност, постои цел спектар на „голи“ фустани, од оние во боја на кожата, па сѐ до потполно транспарентни тоалети, кои не оставаат ни малку простор за мечтаење.
Од првото до последното, ова се десетте нивоа на голотија во изгледот на славните дами, рангирани од најпристојно до најпровокативно издание:
1 ниво: Кејт Мидлтон
Сигурно не очекувавте дека и војвотката Кејт Мидлтон ќе се најде на оваа листа, но нејзиниот шик фустан во боја на кожа, којшто го носеше на венчавката на својата сестра Пипа, претставува најблагата варијанта на „гол“ фустан.
2 ниво: Емилија Кларк
Тесниот фустан во месо боја и со длабоко деколте на Емилија Кларк, веќе е малку попровокативен и поразголен од моделот на Кејт.
3 ниво: Џенифер Анистон
Џенифер Анистон го подигнува нивото на голотија на едно скалило погоре, облечена во бел мрежест фустан кој ја следи нејзината фигура.
4 ниво: Сара Џесика Паркер
Иако е бел и не се проѕира, суперкраткиот фустан со транспарентни прерамки на Сара Џесика Паркер, кој повеќе наликува на ноќница одошто на тоалета за црвениот тепих, дефинитивно заслужува место на листата.
5 ниво: Кајли Џенер
Точно на половина пат, се најде златниот проѕирен фустан кој го носеше атрактивната Кајли Џенер на овогодинешната Met Gala, крадејќи ги погледите на присутните гости, но и кадрите на многубројните фотографи.
6 ниво: Ешли Греам
Црниот транспарентен фустан ја откри долната облека на манекенката Ешли Греам, сместувајќи ја на високото шесто ниво.
7 ниво: Бијонсе
Проѕирниот фустан на поп-кралицата Бијонсе, украсен е со кристали само на клучните делови, а претставува само мало наговестување за тоа што следи понатаму.
8 ниво: Џенифер Лопез
Зарем помисливте дека една ваква листа ќе помине без популарната Џеј Ло и едно од нејзините најразголени изданија?
9 ниво: Бела Хадид
Покрај тоа што е проѕирен, фустанот на Бела Хадид едвај го покрива нејзиното тело.
10 ниво: Ријана
Уште никој не успеа да го надмине „голиот“ фустан на Ријана од 2014 година, а се сомневаме дека некој и ќе се обиде. Пејачката покажа речиси сѐ, а единственото поразголено издание од ова ќе беше доколку прошеташе потполно гола.
Нејзиниот фустан не остави ништо на имагинацијата ниту од задната страна...
Според ваше мислење, кое ниво на голотија ја преминува границата на добриот вкус?
М. А. | Црнобело