Познати холивудски дами кои сами си изградиле бизнис царство
- Детали
- вторник, 12 септември 2017
Жени, сопруги, дами и работници. Тие се најпознатите дами на Холивуд, а нивниот талент не е само глумата.
Заради нивните бизниси на страна, овие холивудски дами ја носат титулата на успешни деловни жени.
Освен што глумат, пеат, ги промовираат своите филмови и албуми, овие жени и вредно работат создавајќи свој личен бренд.
Погледнете за кои дами се работи:
Џесика Алба
Пред 6 години, прекрасната Џесика ја основаше компанијата The Honest Company. Се работи за компанија која продава нетоксични и етички направени производи за домаќинство, а покрај тоа таа го основаше и брендот Honest Beauty кој продава производи за нега на кожа и шминка. Вредноста на нејзините компании се проценува на 1.7 милијарди долари.
Дру Баримор
Освен што ја сака нејзината кариера како актерка, Дру сака да биде и зад камерите, па така ја основала продуцентската куќа Flower Films. Освен тоа, таа основала и успешна компанија за шминка Flower Beauty.
https://www.instagram.com/p/BYn4nntHOak/
Џесика Симпсон
Својата кариера ја зпаочна како пејачка и актерка, а денес е позната и потоа што успеа да создаде вистинско бизнис царство. Пред 11 години таа основаше сопствена компанија и модна колекција на облека, чанти, чевли, накит, очила за сонце и други додатоци. Годишната заработка на брендот The Jessica Simpson Collection изнесува околу милијарда долари.
Сара Џесика Паркер
Славната глумица е голем љубител на чевли, па таа создаде сопствена линија на женски чевли – SJP Collection. Со оглед на тоа што чевлите изгледаат како да се создадени за Кери Бредшо, за нив има голема побарувачка, а се изработуваат во Италија и во Америка.
Гвинет Полтроу
Таа заплива во водите на животниот стил кога во 2008-ма го основаше брендот Goop. Станува збор за веб сајт на кој таа препорачива разни произвооди - од модни парчиња до работи за уредување на дом и разни рецепти и совети.
https://www.instagram.com/p/BYhF3VmlwTC/
М. М. | Црнобело