Бруклин Бекам со нова фризура го почнува студентскиот живот во Њујорк
- Детали
- среда, 06 септември 2017
Бруклин неодамна се пресели од неговиот роден град Лондон во Њујорк, бидејќи се запиша на факултет за фотографија.
Тогаш имавме можност да видиме колку неговите родители беа возбудени што синот им станал студент.
Тој во вторникот беше забележан низ улиците на Њујорк како влегува во такси, а она што најмногу остави впечаток е неговата нова скратена фризура.
18-годишниот Бруклин носеше подвиткани фармерки и светла маичка по кратки ракави – едноставен, но сепак невообичаен стил.
Со оглед на тоа што тој веќе нема толку долга коса, луѓето воопшто не забележале дека покрај нив има позната личност бидејќи не го познале.
Што мислите вие за стилот на синот на Дејвид и Викторија Бекам?
М. М. | Црнобело