Криси Тајген во ретро бикини кое ги открива сите несовршености (фото)
- Детали
- четврток, 31 август 2017
Криси Тајген неодамна откри за нејзиниот проблем со алкохолот, откако забележала дека во одредени моменти претерано пие. Таа се труди да го реши проблемот и сега избегнува алкохол, а нејзиниот сопруг Џон Леџенд максимално ѝ пружа поддршка и е покрај неа додека таа се бори да се исчисти.
Двајцата деновиве уживаат на нивната луксузна јахта на Корзика и Сардинија, каде очигледно си поминуваат одлично и целосно се опуштаат.
Криси овојпат го покажа нејзиното тенко тело во цветни ретро бикини со висок струк, а косата ѝ беше фатена во две пунџи во стил на ’90-тите.
И покрај тоа што нејзиното тело е во добра форма, сепак мора да признаеме дека Криси направила погрешен избор со бикините, бидејќи не изгледа толку совршено во нив.
За нејзиниот изглед одлучете вие, но по фотките, очигледно моделот не се грижи многу за тоа и вистински ужива во својот одмор со сопругот.
М. М. | Црнобело