Џеј Зи откри зошто сè уште не зборува со Канје Вест
- Детали
- вторник, 22 август 2017
Се чини дека раперот Џеј Зи со издавањето на новиот албум реши да се отвори за приватниот живот, нешто што досега беше несвојствено за него.
Освен проблемите со кои се соочи поради обвинувањата дека ја изневерувал сопругата Бијонсе, Џеј Зи реши да објасни и за кавгата со некогашниот добар пријател Канје Вест.
Џеј Зи вели дека сè уште постојат нерешени проблеми меѓу нив двајца поради повеќе причини.
Една од нив е поради испадот на Канје во октомври 2016-та, кога на неговиот концерт јавно се пожали дека неговите деца и децата на Бијонсе и Џеј Зи никогаш не се дружеле и не си играле заедно, постапка што го налути Џеј Зи.
Следниот месец, Канје го прекина концертот за да почне со неговиот монолог во кој повторно го спомна инцидентот со MTV наградите од 2009-та, а Џеј Зи му замери и за овој испад:
„Веќе седум години, сите ме мразат што на MTV наградите кажав дека Бијонсе требаше да ја земе наградата за најдобро видео. Бијонсе, сега малку се навредив бидејќи слушнав дека си кажала дека нема да настапиш на овогодинешните награди ако не ме победиш мене и Дрејк за најдобро видео. Но, нема потреба да ја напаѓате Бијонсе, или Тејлор Свифт. Сите сме добри луѓе, сите сме кул“, изјави Канје.
Во едно неодамнешно интервју за RadarOnline, Џеј Зи ја прокоментира кавгата со неговиот добар пријател:
„Знаеш, не можеш да ги вмешуваш жена ми и децата во сите тие глупости. Канје зборувал за мене 100 пати. Јас му бев како постар брат. Дури направи и песна „Big Brother“, но потоа го вмеша и моето семејство и не можам да поминам преку тоа. Таков е, мора да си каже што има, ама да не беше тоа ќе можевме јас и тој сами да си ги решиме проблемите, вака ја помина границата. Јас го почитувам што е искрен и никогаш досега не сме дозволиле да помине толку време во кавги“.
Според кажаното, Џеј Зи сè уште има шанси да се смири со Канје, па и во иднина да се дружат и да соработуваат заедно на музички план.
М. В. | Црнобело