Колку (не) си личат познатите актери и нивните дублери во филмовите?
- Детали
- вторник, 22 август 2017
Има голем дел од актерите кои сакаат сами да ги снимаат сите свои сцени и не сакаат друг да ги заменува, но сепак има и такви кои не се согласуваат со тоа.
На пример, сигурно сте забележале сцени каде ги покажуваат ликовите во автомобил, а потоа следно што гледате е нивното брзо возење низ улиците со препреки.
Секако, во вториот дел од сцената, не се работи за вистинските актери, туку за нивните дублери.
Кога ги гледате од далеку, не може да забележите дека тоа се други личности, без разлика за каква сцена се работи.
Но, кога ќе застанат еден до друг, разликите стануваат воочливи. Некогаш дури и премногу.
Погледнете ги овие актери со нивните дублери и проценете колку и дали воопшто си личат.
М. М. | Црнобело