Чантите на Дијана, ракавиците на Џеки Кенеди: Стилски белези на влијателните дами

Познатите дами од високата класа се постојано  во фокусот на медиумите и модните критичари.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-001.jpg

Заради тоа, тие секогаш мора да изгледаат совршено, дури до најмал детаљ.

Но, дали некогаш сте забележале дека речиси сите од нив имаат нешто по што се препознатливи и без што не се појавуваат никаде?

Ова се влијателните дами во светот на кои „незабележливите“ детали им се главен белег во стилот:

Принцезата Дијана

Важен елемент во сликите на принцезата Дијана, без кој нејзиниот изглед не е целосен, се чантите. Принцезата имала посебна љубов за овој моден детаљ и поседувала импресивна колекција. Во 1995-та, модната куќа Dior во нејзината чест создала елегантна лакована чанта наречене „Lady Dior“.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-02.jpg

Ракавиците на Џеки Кенеди

Уникатниот изглед на Џеки се состои од едноставен крој на елегантни костики и фустани со впечатливи цветови, шешири и бисери околу вратот. Но, посебен шарм на целиот изглед даваа долгите ракавици кои ги криеа нејзините раце.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-03.jpg

Обетките на Грејс Кели

Принцезата од Монако покажа беспрекорен вкус за мода како хокливудска ѕвезда, но и како благородничка. На прв поглед незабележлив, но важен елемент од нејзиниот изглед се малите заоблени обетки кои таа ги преферираше.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-04.jpg

Чевлите на Мишел Обама

Откако стана прва дама на САД, Мишел за кратко доби статус на стилска икона. Светли бои, шарени принтови и многу нијанси го разликуваа нејзиниот стил од останатите дами на нејзино место. А нејзиниот омилен детаљ по кој стана препознатлива се елегантните шпицести чевли со ниска штикла кои секогаш го комплетираа прекрасниот изглед.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-05.jpg

Официјалните, но женствени аутфити на Меланија Трамп

 Иако има многу тенки нозе, новата прва дама на САД секогаш бира фустани чија должина е строго до под колена. Нејзините аутфити секогаш ја истракнуваат нејзината атрактивна фигура.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-06.jpg

Костимите со панталони на Карла Бруни Саркози

Сопругата на поранешниот претседател на Франција докажа дека црната боја е соодведна за сите пригоди. А, покажа и дека панталоните се исто толку ефективни како фустаните и здолништата.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-07.jpg

Мини фустаните на Брижит Макрон

Гледајќи во новиот претседател на Франција, тешко е да се поверува дека има 64 години. Нејзината витка фигура може да ги „победи“ сите млади Парижанки. Таа на речиси сите настани се појавува во еднобојни фустани кои задолжително се над колена.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-08.jpg

Шапките на Кејт Мидлтон

Она што најмногу остава впечаток во нејзиниот целосен изглед се шапките кои ги има во најразлични форми и бои. Се вели дека во колекцијата на војводката има повеќе од 100 вакви модели, кои таа совршено ги комбинира со сите аутфити.

chantite-na-diana-rakavicite-na-jackie-kennedy-stilski-belezi-na-vlijatelnite-dami-09.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Како изгледаат децата на славните кои речиси никогаш не се појавуваат во јавност? (фото) Сигурно знаете како изгледа Сури – ќерката на Том Круз и Кејти Холмс. Но, дали з...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Детали од животот на мајката на Џастин Бибер – Дознала дека е бремена откако пробала да се самоубие,... Мајката на Џастин Бибер имала само 18 години кога го родила пејачот. Мајка ѝ ја ...
Дома го чувала мртвото тело на син ѝ кој се самоуби – Потресни детали од мемоарите на Лиза, ќерката ... Кога имала само 10 години, дечкото на мајка ѝ ја допирал по телото, а кога пробл...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg