7 ѕвезди кои не јадат месо
- Детали
- вторник, 15 август 2017
Откажувањето од месото може да биде предизвикано од повеќе причини, но секако не е лесно.
Голем дел од ѕвездите се решиле да станат вегетаријанци (па дури и вегани) од различни причини – некои заради здравје, додека други заради љубов кон животните.
Може да погодите кои славни имиња се откажале од месо?
1. Бред Пит – веган е и активист за заштита на животните.
2. Бети Вајт – можеби токму тоа е тајната на младоста.
3. Кристи Бринкли – на вегетаријанска диета е од својата 12-та година.
4. Елен Деџенерис – вегетаријанка била долги години, по што пред неколку години реши да стане веган. Дури имаше и комплетно веганска венчавка.
5. Натали Портман – верен активист за заштита на животните и вегетаријанец. Исто така одбива да носи кожа, крзно или перја.
6. Кејт Винслет – верен припадник на ПЕТА кој се обидува да ги убеди готвачите да го тргнат месото од сечие мени.
7. Оливија Вајлд – дури беше прогласена за најсекси вегетаријанец во 2010-та од страна на ПЕТА.
М. Д. | Црнобело