Бијонсе го покажа згодното тело по породувањето со близнаците (фото)
- Детали
- четврток, 10 август 2017
Бијонсе се породи со близнаците Сер и Руми во јуни, а неполни 2 месеца потоа, веќе изгледа неверојатно секси.
35-годишната пејачка ги истакна бутовите и задникот во искинати кратки шорцеви на врзување, во комбинација со жолт спортски Fila кроп топ.
Со впечатливи штикли, војничко палто и многу накит, таа се упати на концертот на Кендрик Ламар во саботата вечер.
Згодната ѕвезда предизвка бура реакции со оглед на тоа што шорцевите имаа исечоци дури и на задникот, но таа очигледно не се грижи за тоа.
На концертот беше и ќеркичката Блу Ајви која танцуваше и се забавуваше со својата мајка.
https://www.instagram.com/p/BXe7WOdFWKH/
https://www.instagram.com/p/BXe7IyZFgCr/
Бијонсе објави фотки од себе и од целата вечер на нејзиниот веб-сајт, погледнете дел од нив:
М. М. | Црнобело