Фотки од baby shower забавата на Серена Вилијамс
- Детали
- понеделник, 07 август 2017
Најдобрата тенисерка на светот, Серена Вилијамс, е во последните месеци од бременоста.
Како што е ред, нејзините познати другарки ѝ организираа прослава пред да се роди бебето, таканаречена baby shower, инспирирана од '50-тите години.
Меѓу гостите присуствуваа Ева Лонгорија, Сиара, Лала Ентони, Кели Роуланд и сестра ѝ на Серена, Венус Вилијамс, а забавата се одржа во еден ресторан во Мајами.
Славните дами носеа здолништа и фустани во ретро стил, со карирани детали и марами на главата, како што се облекувале жените во '50-тите години. Серена изгледаше одлично во црно-жолта комбинација, со интересна ретро фризура.
Погледнете ги фотките во продолжение:
М. В. | Црнобело