Славни мажи и секс симболи, кои воедно се и „мамини синчиња“
- Детали
- четврток, 24 август 2017
Фатално привлечни славни мажи кои важат за секс симболи и имаат сè што една жена посакува. Сепак, нивното срце не може да се одвои од нивната мајка.
Кристијано Роналдо, Леонардо ди Каприо, Бредли Купер, Бред Пит... сите овие згодни мажи до некаде се и мамини синчиња.
Со мајките се појавуваат на црвени теписи, јавни настани и не пропуштаат да ги спомнат во интервјуата...
Леонардо ди Каприо
„Мојата мајка е центар на мојот свет. Таа е вистинско богатство сама по себе и токму тоа е она што го барам во една жена,“ има изјавено актерот.
Кристијано Роналдо
Роналдо и самиот има изјавено дека неговата мајка во голема мера влијае на неговите животни одлуки. Сега му помага во растењето на трите дечиња.
Бредли Купер
Во Холивуд кружат гласини дека Бредли Купер имаше краток брак со Џенифер Еспозито (од само 4 месеци) токму заради неговата мајка, која не го одобрувала изборот на сопруга.
Бред Пит
Уште една мајка која е неверојатна поддршка, посебно по разводот на Бред Пит од Анџелина Џоли.
Дејвид Бекам
„Имам потреба да ѝ се заблагодарам на мојата мајка за многу работи во животот. Без неа, немаше да постигнам ништо,“ има изјавено фудбалската ѕвезда.
Џастин Тимберлејк
Уште еден секс симбол кој признава дека неговата мајка е главната жена во неговиот живот. Дури има и тетоважа со нејзините иницијали.
М. Д. | Црнобело