Од кого Џиџи и Бела Хадид ги наследиле гените?
- Детали
- недела, 30 јули 2017
Со 2,4 милиони следбеници на Инстаграм, Јоланда Хадид денес изгледа поубаво од кога било.
Можеби не сте знаеле од каде членовите на семејството Хадид имаат такви гени, а кога ќе ги видите овие фотографии ќе ви стане јасно.
Јоланда Хадид го изгубила својот татко на 7 години и нејзината мајка сама изгледала две деца.
Таа била откриена од Еjлин Форд и била познат модел речиси 15 години. Откака се откажала од манекенството, се омажила за Мохамед Хадид и со него основала семејство. Таа исто така беше во брак и со познатиот музичар, композитор и продуцент Дејвид Фостер.
Јоланда Хадид неодамна објави фотка на Инстаграм со која се пофали како изгледа на нејзини 53 години. На фотографијата таа носи само танга и блуза.
Под фотографијата таа го опиша моментот со следните зборови: „Прекрасно магично изгрејсонце ова утро на езерото. Водата е многу ладна, но е одличен начин да се спречат воспаленија и да се поврзам со мајката природа”.
Хадид страда од Лајмска болест од 2012-та година и постојано споделува информации за болеста на нејзиниот Инстаграм профил. Понекогаш таа објавува и фотографии од деновите кога била модел.
Таа има објавено многу фотографии од нејзиниот активен животен стил преку кои сака да покаже дека се бори против болеста со сите сили.
По огромната слава на нејзините ќерки, во јавноста испловија многу фотографии од нејзините манекенски денови.
Со русата бујна коса и сличниот став на фотографиите, сега сигурно знаеме од каде доаѓа талентот на Џиџи. Јоланда ги поддржува и им дава совети на нејзините керќи и има голем удел во патот до нивната слава.
А. В. | Црнобело