Познати дами кои станале мајки на млади години
- Детали
- сабота, 29 јули 2017
Иако многу дами од светот на шоу-бизнисот ја ставаат кариерата на прво место, а мајчинството го оставаат за подоцна, има и такви кои одлучиле да станат мајки уште во младоста.
Сигурно не им било лесно, но се снашле најдобро што можеле и денес се горди мајки на своите деца.
Погледнете кои славни дами се одлучиле за дете на млади години:
Рис Витерспун
Рис Витерспун ја роди ќерката Ава кога имаше 24 години и беше во брак со актерот Рајан Филип.
Адел
Славната пејачка долго време ја криеше својата бременост. На 24 години го роди својот син Ангело од врската со нејзиниот партнер Сајмон Конецки.
Наталија Водјанова
Супермоделот стана мајка на првото детенце кога имаше само 19 години, со тогашниот сопруг Џастин Портман. Ќерката Нева ја роди на 23, а вториот син Виктор на 25 години. Во вториот брак роди уште два сина.
Софија Вергара
Познатата актерка го роди својот син Маноло кога имаше 19 години. Една година подоцна, се разведе од сопругот и Маноло го израсна како самохрана мајка.
Соланж Ноулс
Сестрата на Бијонсе остана бремена со синчето Даниел кога имаше само 18 години. Таа многупати има изјавено дека е тешко да се има дете на таа возраст, но дека децата се најголем благослов на светот.
Бритни Спирс
Поп ѕвездата го роди првото синче на 23-годишна возраст, од врската со танчерот Кевин Федерлајн.
Викторија Бекам
Сопругата на Дејвид Бекам за првпат стана мајка кога имаше 24 години. Го роди првиот син Бруклин.
М. В. | Црнобело