Линкин Парк објави ново видео 2 часа пред смртта на фронтменот Честер
- Детали
- петок, 21 јули 2017
Блиските и фановите на Линкин Парк се во апсолутен шок откако ноќеска се прошири веста за смртта на фронтменот Честер Бенингтон.
41-годишниот Честер бил пронајден мртов во неговиот дом во Лос Анџелес, нешто пред 9 часот наутро во четвртокот.
По истражувањето на околностите, утврдено е и објавено дека се работи за самоубиство.
Според TMZ телото на Честер е пронајдено како виси во неговата спална соба, а прва го забележала неговата куќна помошничка, која и пријавила.
Откако гласините се проширија, пријателите и семејството на Честер изјавиле дека воопшто не очекувале, ниту забележале некои симптоми кои може да укажуваат на намера за самоубиство.
Пејачот има историја со зависност од дрога и алкохол, меѓутоа моментално бил во „среќен период“, според тврдењата на пријателите.
Честер имаше две сопруги и 6 деца од двата брака.
Линкин Парк моментално планираше турнеја, со оглед на тоа што го издадоа новиот албум One More Light.
Последниот настап им беше на 7-ми јули во Бирмингaм, Англија.
А, само 2 часа пред да се прочуе веста за смртта на Честер, беше објавено ново видео:
М. Д. | Црнобело