Принцот Чарлс не му е татко на принцот Хари: Измислици за славните во кои луѓето веруваат
- Детали
- петок, 21 јули 2017
Гласините за познатите личности постојат многу пред да се појави интернетот, а откако постои, е целосно исполнет со озборувања за нив.
Некои од нив се измислени, а други пак, звучат толку реално, што луѓето веруваат во нив ден денес.
Ова се 6 смешни приказни кои се рашириле преку гласини, а од кои може да заклучиме дека не секогаш треба да веруваме на сѐ што ќе слушнеме.
Лорде има 45 години
Необичниот изглед на пејачката стана тема на многу гласини поврзани со нејзината „вистинска“ возраст. Некои велат дела младата ѕвезда има над 40 години, иако таа имаше само 17 години кога излезе нејзиниот прв албум, а сега има 20.
Ова е потврдено и со документот од нејзиното раѓање на кој пишува дека е родена на 7-ми ноември, 1996-та година. За жал, дури и овој доказ не може да ги убеди луѓето.
Аврил Лавињ е заменета со нејзината лажна двојничка
Овој мит постои уште од 2015-та година, кога сајт посветен на поп-панк пејачката тврдеше дека таа умрела во 2003-та година и била заменета со нејзината двојничка Мелиса Вандела. За да ја потврди оваа хипотеза, авторот посочил на исчезнувањето на бемките и (отсуство) на промените во нејзиниот изглед.
Сите овие факти беа многупати побиени, но легендата за двојничката сепак продолжува да живее.
Стиви Вондер не е навистина слеп
Некои тврдат дека легендарниот пејач само се преправа дека е слеп, бидејќи присуствува на кошаркарски натпревари, купува телевизор, а еднаш дури се обидел и да фати микрофон што паѓа.
Единствената работа што поддржувачите на оваа теорија не можат да ја објаснат и ги мачи е зошто Стиви Вондер би се преправал дека е слеп 67 години.
Мерилин Монро носела облека со број 50
Телото на Мерилин Монро се смета за совршено и ја претставува идеалната женска фигура, кои некои ја нарекуваат „plus size“. Сепак мерките на Мерилин кажуваат нешто друго.
Таа се вклопува во стандардниот 90-60-90 облик на тело, што е најчесто прифатен денес кај моделите. Доказ за тоа се нејзините останати парчиња облека и стилистите кои потврдиле дека актерката носела облека со број од 44-46.
Нејзината тежина се менувала, но никогаш не била прекумерна. Исто така, и димензиите во тоа време биле различни од денешните.
Бијонсе не беше трудна со првото дете
Овие гласини произлегоа за време на нејзината прва бременост на едно австралиско ТВ шоу. Таа доби критики поради тоа што нејзиниот труднички стомак бил лажен, судејќи по тоа што неприродно се свиткуваше. Оваа илузија им даде можност на озборувачите да прошират чудна теорија дека таа глумеше бременост.
Неодамна Бијонсе роди 2 прекрасни близначиња, покрај нејзината 5-годишна ќерка, па ова конечно би требало да стави крај на гласините.
Принцот Чарлс не е вистинскиот татко на принцот Хари
Принцезата Дијана и нејзиното семејство беа во фокусот на смешни и измислени теории со години, а црвенокосиот принц Хари не беше исклучок. Наводно, вистинскиот татко на принцот е Џејмс Хјуит, а не принцот Чарлс.
За оваа теорија нема посебни докази, но очигледно е побиена со оглед на тоа што иако тие не биле во врска, сепак не е можно тој да биде негов татко, бидејќи кога принцезата Дијана и Хјуит се запознале, принцот Хари веќе бил роден.
Плус, самиот Џејмс ги негирал гласините и кажал дека му е жал што принцот Хари треба да го слуша тоа.
М. М. | Црнобело