Патисон се крие кај Агилера?
- Детали
- понеделник, 07 јуни 2010
Пријателството помеѓу глумецот Роберт Патисон и пејачката Кристина Агилера започна кога тој на некој начин "провалил" во приватниот имот...
...на пејачката, бегајќи од папараци.
Глумецот живее во близина на пејачката Кристина Агилера, која својата сегашна куќа ја купила од Ози и Шерон Озборн.
После оваа провала на малдиот актер, честа навика му станало да навраќа на кафе кај неговата прва комшика.
“Скоро веќе и да не излегувам ако не морам. Непријатно ми е да ги гледам своите фотографии, кои се направени кога не сум знаел дека ме сликаат. Скоро на сите изгледам грозно”, се пожалил самиот актер и додал дека тој и Кристина се само пријатели.
Роберт исто така кажува дека му недостига животот кој го имал порано т.е пред да стане славен.
И покрај многубројните папараци кои стварно му пречат, не размислува за повлекување од шоу бизнисот, а за тоа е доказ и филмот кој моментално го снима во Лос Анџелес, "Water for Elephants".