Заводникот од шпанските серии - Вилијам Леви денес е уште посекси (фото)
- Детали
- недела, 16 јули 2017
Русокосиот заводник со извајано тело со своите улоги во шпанските теленовели ги освои срцата на жените ширум светот.
Неговиот заштитен знак беа неодоливата насмевка и извајаните мускули, а и денес ситуацијата останува непроменета.
Вилијам Леви денес е уште пожежок, а на Инстаграм има повеќе од 5 милиони следбеници.
Роден е на 29-ти август 1980 во Хавана, Куба. Зад себе има огромен број на улоги во серии и филмови од шпанското говорно подрајче, но неговото име веќе е добро познато и во Холивуд.
Уште во 2011 година Џенифер Лопез го покани да биде дел од нејзиниот спот за песната „I'm Into You“, а досега го видовме во филмовите „Resident Evil: The Final Chapter“ (2016), „Addicted“ (2014) и „The Single Moms Club“ (2014).
Вилијам од 2003 година е во врска со мексиканско-американската актерка Елизабет Гутиерез со која во 2006 го добија синот Кристофер, а во 2010 година ќерката Кајли. Тие постојано се разделуваат и смируваат, но без разлика на сė дури и кога се разделени се во добри односи и соработуваат и професионално.
Во една пригода Елизабет за Леви и нивната врска изјави:
„Сметам дека во секоја врска фундаментално е да си бидете поддршка еден на друг и да си дадете крилја за да летате. Во тоа е убавината. Јас му се восхитувам на Вилијам бидејќи тој порасна многу од почетокот на неговата кариера и сето тоа го должи само на својата упорност и труд.“
Дел од неговите најнови фотки од Инстаграм:
С. С. | Црнобело