Алесандра Амбросио - сензационална во бронзено танга монокини (фото)
- Детали
- четврток, 13 јули 2017
Ангелот на Викторија Сикрет, Алесандра Амбросио, и не е така ангел во реалноста бидејќи одвреме навреме сака да провоцира со своето неверојатно тело.
Бразилската 36-годишна убавица деновиве уживаше на островот Фроментера и на плажата ги мамеше погледите со бронзено танга монокини. Таа ја покажа и тетоважата на долниот дел од грбот.
Од отсечоците на костимот за капење ѕиркаа нејзините тонирани стомачни мускули. Изгледот го надополни со авијатичарски очила за сонце.
Со оглед на неверојатно затегнатото тело тешко е да се поверува дека Алесандра е мајка на две деца. Таа ги има ќерката Ања и синот Ноа со партнерот Џејми.
Неодамна супермоделот проговори дека откако станала мајка нејзиниот пристап кон моделството се променил.
„Бев 100 проценти комфорна на фотосесиите за долна облека, а потоа добив дете. Некако ми беше чудно да презентирам долна облека откако станав мајка. Вашето тело никогаш не станува повторно исто како што било пред бременоста, без разлика што ви велат луѓето. Не може.“
Сепак таа признава дека откако добила деца станала многу посамоуверена за својата појава, бидејќи нејзиното тело и дала повисока цел во животот.
„Сметам дека имам подобро тело сега, отколку пред да имам деца. Сега тоа изгледа формирано и се чувствувам подобро од претходно.“
С. С. | Црнобело