Секс 4 пати неделно, отштета за неверство: Предбрачните договори на славните
- Детали
- среда, 21 јуни 2017
Потпишување предбрачен договор е пракса на сите големи светски ѕвезди од шоу-бизнисот со цел помала финансиска штета доколку дојде до развод.
Но, има и други работи за кои се договараат партнерите пред да стапат во брак, а кои не се поврзани со пари.
Погледнете какви сé детали стојат во предбрачните договори на ѕвездите:
Никол Кидман и Кит Урбан
Една од работите кои Никол побарала да стојат во предбрачниот договор била дека бракот ќе се поништи ако Кит продолжи да зема наркотички средства.
Бијонсe и Џеј Зи
Пред да стапи во брак со Бијонсе, раперот се обврзал да ѝ плаќа по 5 милиони долари на сопругата после секое породување, а ако дојде до развод, Бијонсe да добие милион долари за секоја година додека биле заедно.
Џесика Бил и Џастин Тимберлејк
Џесика посебно ја интересирала една ставка од договорот - прељуба. Актерката побарала да ѝ се исплатат полoвина милион долари доколку партнерот ја изневери.
Чарли Шин и Брук Милер
Кога ќе се спомне името Чарли Шин, веднаш знаеме дека има чудни работи. За секоја година помината со Шин, Милер добила 300.000 долари, а за секое негово иселување од домот, по 100.000 долари.
Ким Кардашијан и Канје Вест
Ако дојде до развод, Канје ќе треба да ѝ исплати на Ким 10 милиони долари, а Ким има право да ги задржи сите скапи подароци кои ги добила од сопругот.
Бен Афлек и Џенифер Лопез
Бен и Џен не стигнаа до олтар, но успеаја да потпишат предбрачен договор во кој Бен ја обврзува сопругата на „секс 4 пати неделно“, а во случај да ја изневери, бил обврзан да ѝ отстапи половина од имотот на Џен.
М. В. | Црнобело