Боки 13 е насукан кит?!
- Детали
- четврток, 27 мај 2010
“Тврдам дека дотичниот е вљубен во мене! И не само тоа... најверојатно мастурбира дома додека мисли на мене. Не можам одговорно да тврдам, но...
...чувството ми вели дека сум во право. Тој има потреба од мене и комплетно го разбирам. Кога ќе се разбуди и пред да заспие мисли на мене. И додека ја води својата емисија мисли на мене. Тоа ми е повеќе од драго“ – изјавил т.н. најпопуларен македонски трансвестит во Србија, Боки 13.
Боки13 најверојатно сака да превземе се' во своја корист, но вистинската причина за “караницата“ меѓу Боки и водителот на ТВ Фокс е изјавата на Ивановиќ кога го нарекол Боки насукан кит, кој ги избркал сите гости од црногорското приморје и кој би бил идеален нов заштитен знак на банката Хипо.
Иван Ивановиќ на коментарот на Боки13 одговорил: “Како и секој џентлмен, никогаш не се расправам со жени, така што навистина немам коментар“.