Тренингот на Бела Хадид, со кој ја „топи“ брзата храна (видео)
- Детали
- петок, 09 јуни 2017
Сите не добро знаеме дека Бела Хадид е модел кој сака да покаже нешто повеќе и не се плаши да јаде дури и нездрава, брза храна.
Сме ја виделе со сладолед на Кански:
https://www.instagram.com/p/BUPza5kBKEk/?taken-by=bellahadid&hl=en
Како ужива во пица со пријателките:
https://www.instagram.com/p/BHj_Lx0AXIT/
Но, нејзиното тело го добива со сериозно вежбање. Барем така потврдува.
20-годишниот модел сериозно си ја сфаќа работата и речиси секој ден вежба најмалку два часа заедно со нејзината сестра, Џиџи Хадид, со помош на личниот тренер Роб Пиела.
https://www.instagram.com/p/BU5DFdUhva8/
„Кога вежбам - вежбам. Тренирам напорно и вежбам без прекин по два часа“ - изјави таа за време на првото официјално прикажување на новата колекција „Nike Cortex“ во Лос Анџелес.
„Станувам и прво нешто што правам е вежбање“ - додаде таа.
„А, што се однесува до јогата, не можам комплетно да ја истрпам. Да, смирува, но не е за мене“ - вели помалата сестра Хадид.
Видеата од неа како вежба, навистина покажуваат колку е интензивен нејзиниот тренинг:
https://www.youtube.com/watch?v=gIfjNOcMdMo
Конечно - модел кој признава дека јаде, но и многу вежба за да го има тоа тело.
Н. Г. | Црнобело