Познати дами што изгледаат беспрекорно и без грам шминка
- Детали
- недела, 25 јуни 2017
Сите сме подготвени за позирање кога сме средени од глава до петици, со совршена шминка и фризура. Но дали ситуацијата е таква и кога сме разбушавени наутро или пак уморни по напорен работен ден, кога од брзање не сме успеале да ставиме ниту маскара на трепките?
Иако најчесто ги гледаме во совршено средено издание, сепак меѓу славните постојат и такви што се беспрекорни, самоуверени убавици и се расположени за селфи во секоја пригода.
Гвинет Палтроу го прослави 44-тиот роденден со селфи без грам шминка, Адел покажа како изгледа на паузите за време на турнејата, а пак, Синди Крафорд, позираше со пешкир на главата веднаш по излегување од тушот.
Меѓу убавиците кои неодамна направија селфи во природно издание се и Џенифер Лопез, Џесика Алба, Алиша Кис и низа други.
С. С. | Црнобело