Принц од Дубаи прогласен за нов крал на Инстаграм
- Детали
- понеделник, 05 јуни 2017
Принцот Хамдан бин Мохамед Ал Мактум , кој уште е попознат и како Фаза, можеби е „само“ принц на Дубаи, но дефинитивно е крал на Инстаграм.
34-годишниот престолонаследник нуди уникатен поглед во неговиот луксузен живот и секојдневни авантури за своите 5.1 милиони следбеници.
Тој е вториот син на шеикот Мухамед ибн Рашид ел Мактум, потпретседател и премиер на Соединетите Арапски Емирати и Емир на Дубаи.
Неговиот татко го прогласи на принц престолонаследник во 2008-та година, по смртта на неговиот постар брат.
Фаза е претседател на извршниот совет на Дубаи, Центарот за Аутизам и за спорт и спортски активности.
А, од неговиот Инстаграм профил можеме да откриеме дека и покрај многуте обврски, тој успева да се посвети и на своите многубројни хобија:
Н. Г. | Црнобело