Како изгледа Ѕверот од „Убавицата и ѕверот“, пред да биде компјутерски обработен?
- Детали
- петок, 26 мај 2017
Оваа година апсолутен филмски хит е римејкот на „Убавицата и ѕверот“, а сега за првпат имаме можност да погледнеме неколку сцени без компјутерска обработка.
За да го одигра Ѕверот, Ден Стивенс на себе имал костим тежок 18 килограми, означен за да го следи секое негово движење, за подоцна компјутерската обработка да биде попрецизна.
Пост-продукцијата со помош на овој костим компјутерски го создал Ѕверот, а ние ѝ се воодушевуваме на сериозноста на Ема Вотсон.
Само замислете си како ѝ било додека снимала сериозни или романтични сцени, со колегата облечен во син костум како вонземјанин.
https://twitter.com/adandamn/status/867048319251390464
https://twitter.com/allensalbert/status/867445238402437120
https://twitter.com/albionscastle/status/867364853048115201
https://twitter.com/FreddyAmazin/status/867356286773538816
М. Д. | Црнобело