Летни дестинации на кои одат милијардерите

Сите ние сонуваме да одиме на одмор, а парите да не би бидат никаков проблем. Кој не би сакал луксузно скијање на Алпите или можеби патување до сите егзотични плажи за кои треба да дадеме најмалку 1.000 евра само за авионска карта?

kade-se-odmoraat-milijarderite-01.jpg

Па, каде би патувале, ако имавте пари? Тоа можеме да го дознаеме до милијардерите.

Еве каде патуваат некои од најбогатите луѓе во светот:

1. Ричард Бренсон: Британски Девствени Острови

Еден од островите не само што е негов приватен остров, туку и место каде оди да се релаксира и одмора од напорните работни обврски. Неговиот дом е место каде и други милијардери одат, па и неговите пријатели, пример, семејството Обама.

Инаку, на овој остров може да оди и „обичниот човек“, но тоа би го чинело $5,000 од една ноќ.

kade-se-odmoraat-milijarderite-1.jpg

2. Бил Гејтс: Хрватска

Човекот кој е познат како голем филантроп и основач на „Microsoft“ сака да се одмора на луксузни јахти, но исто така да се меша и со народот на Хрватска, а посебно омилено место, односно остров му е, Хвар.

kade-se-odmoraat-milijarderite-2.jpg

3. Роман Абрамович: Свети Вартоломеј

Рускиот олигарх преферира да се одмора на својата масивна луксузна јахта, поточно една од најголемите јахти во светот, некаде близу крајбрежјето на Свети Вартоломеј. А, покрај тоа, сака да се одмора и во неговата луксузна вила на Карибите.

kade-se-odmoraat-milijarderite-3.jpg

4. Стивен Спилберг: Ирска

Како човек кој стои зад некои од најкултните филмови во историјата на филмската индустрија, можете да замислите дека има видено доста прекрасни, луксузни, егзотични места во светот. А, посебно омилен му е Смарагдниот остров во Ирска каде најчесто оди на одмор.

kade-se-odmoraat-milijarderite-4.jpg

5. Опра Винфри: Фиџи

Опра е една од најбогатите жени во Америка, сака да одмора во удобноста на својот дом, но исто така и да троши на луксузни патувања како на пример, на Тахити и Фиџи - една од нејзините омилени дестинации, каде престојува во некои од најлуксузните и скапи хотели во светот.

kade-se-odmoraat-milijarderite-5.jpg

6. Ворен Бафет: Лагуна Бич

Ворен е скромен во поглед на изборот за негов дом, бидејќи живее во скромниот дом во Омаха кој го поседува уште од 1958-та година, а најмногу сака да се одмора во вилата која ја купил во 1971-та година во сончевата Калифорнија.

kade-se-odmoraat-milijarderite-6.jpg

Н. Г. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до... Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Позира во танга, јаде помфрит – Џорџина го живее сонот на рајски одмор со Роналдо и децата (фото) Изгледа Роналдо „пуштил душа“, па конечно им дозволил да јадат брза храна на сак...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg