Како изгледаа „прекрасните“ Русинки пред да станат ѕвезди на Инстаграм?
- Детали
- петок, 05 мај 2017
Веројатно на Инстаграм ги следите барем пола од овие руски убавици. Им се воодушевувате на беспрекорната убавина и непогрешливиот стил. Но, не е сè така како што изгледа на сликите - речиси сите имаат поминато многубројни операции за да изгледаат вака денес.
Погледнете како изгледале пред воопшто да станат познати Инстаграм ѕвезди:
1. nita_kuzmina (1,4 милиони следбеници)
Пред да ја намали тежината, да направи операции на устата и на носот и да ја промени ужасната фризура, позната блогерка изгледала вака:
2. missalena.92 (5,5 милиони следбеници)
Преубавата бела убавица, сега изгледа како вистинска Барби кукла. Но, пред да направи неколку операции на лицето, таа изгледела многу обично и не привлекувала посебно внимание.
3. ann.andres (652.000 следбеници)
Ана Андрес сега изгледа како бразилски супермодел, но таа била модел уште пред да направи операција на носот, градите и усните.
4. anyuta-rai (2,3 милиони следбеници)
Најверојатно оваа девојка ја има најголемата трансформација, бидејќи воопшто не си личи на самата себе. Нејзините стари фотографии, пред да направи повеќе зафати, испловија на социјалните мрежи откако таа напишала: „Ако не ти се допаѓаат моите слики, оди и плачи пред некое огледало додека гледаш колку си грда“.
Со операциите го променила изгледот, но за лошиот карактер нема спас...