По Met Gala: Емотивните пораки кои славните ги посветија на најблиските
- Детали
- среда, 03 мај 2017
Мислите дека најслаткиот момент кој го имаа Блејк Лајвли и Рајан Рејнолдс, заедно со останатите заљубени парови, беше на Met Gala црвениот тепих? Се лажете.
Најубавиот момент беше оној кога Рајан за „Humans of New York“ објасни зошто е вљубен во Блејк и парот направи фотографија.
Таа секогаш возвраќа со емпатија. Гневот го сретнува со емпатија. Омразата ја сретнува со емпатија. Ќе си даде време да замисли што се случило на личноста кога имала 5 или 6 години. И мене ме направи личност со поголема емпатија. Имав многу лош однос со мојот татко. Пред да почине, таа ме натера да се сетам на сите работи на кои не сакав да се сетам. Ме натера да се сетам на добрите времиња.
А, еве што кажаа и другите ѕвезди кои се појавија на HONY:
Клер Дејнс
Тоа што имаме дете е најдобрата работа која ни се случила, но постојано е проследено со ужасен разговор.
Селена Гомез
Мислам дека штотуку почнувам, но мислам дека сè ќе биде во ред откако ќе заврши. Тоа го добив од мајка ми. Од моментот кога почнав да пеам, таа секогаш ме потсетуваше дека сето ова е привилегија и дека може да си замине во било кој момент. Па, пеењето не е она по кое се дефинирам себеси. Се обидувам да го држам мојот идентитет до моите пријателства и мојата верба.
Алексис Оханиан за Серена Вилијамс
Таа има големо срце. Секој ја гледа како успешен спортист, но сето тоа е препокриено со големината на нејзиното срце. Дава 100% од себе во сè што прави, како пријател, како љубовник и наскоро, како мајка.
Еви Колберт за Стивен
Многу е секси и ме научи на важноста да бидеш смешен. Да бидеш смешен е важно. Смешното е спротивно на тажното. Тоа е фрлање на себеси во моментот без никаква грижа. Не можеш секогаш да го одржиш статусот достоинствена личност - ти дава слепило. Кога секогаш очекуваш светот да ги исполни твоите очекувања, се преморуваш. Тоа те затвора.
Н. Г. | Црнобело