Бела Хадид во проѕирен фустан без градник, Кендал во отворено мини здолниште: На after party после Met Gala
- Детали
- вторник, 02 мај 2017
По парадирањето во вечерни фустани, провокативни комбинации и луксузни дизајнерски креации, следи и забавата после секој свечен настан.
Од тоа не е исклучок ниту Met Gala.
После месеци планирање што да облечат, доаѓа времено кога ѕвездите набрзина треба да се пресоблечат и да уживаат во порелаксирана „after party“.
После одржувањето на Met Gala 2017, забавата продолжи во ноќниот клуб 1OAK во Њујорк, каде најголемо внимание привлече Бела Хадид, а после неа и нејзината пријателка Кендал Џенер.
20-годишниот модел на црвениот тепих се појави во провокативен комбинезон, а на забавата реши уште повеќе да се расоблече во проѕирен фустан од кој буквално сè може да се види.
Нејзината пријателка, Кендал Џенер, исто така, се разголи во мини отворено здолниште.
Покрај нив, како изгледаат другите ѕвезди на забавата после Met Gala 2017:
Н. Г. | Црнобело