Роузи Хантингтон-Вајтли: Вистината зад совршените Инстаграм фотки
- Детали
- недела, 14 мај 2017
Многу славни убавици зрачат со самодоверба и сигурност во сопствениот изглед или барем така ни изгледа само на нас. Реалноста е малку поинаква.
Супермоделот Роузи Хантингтон-Вајтли која е прогласена за трет најсекси модел на светот и кој долго време нè оставаше без здив за време на шоута на Victoria's Secret признава дека се чувствува несигурно.
И секако, како секој од нас, прави по 100 селфи фотки пред да најде една со која ќе биде задоволна.
„За правење на совршено селфи потребно ми е најмалку половина час, одлично осветлување и ми требаат барем 100 фотки кои ќе ги филтрирам најмалку 3 пати. Да бидеме реални, така функционираат работите.“ - изјави таа за списанието Glamour.
Исто така, додава дека внимава на тоа каков ефект има на младите девојки.
„Се грижам за младите девојки на кои им недостасува самодоверба заради фотките кои ги гледаат од прекрасните супермодели на плажа во потполно нереални пози и опкружување, но и јас се чувствувам несигурно.“ - додава.
„Не сум имуна на фотографиите од прекрасните жени на Инстаграм и јас знам понекогаш да се чувствувам несигурно.“ - заклучува.
Н. Г. | Црнобело