Џеј Ло - кралица на сексапилот во две разголени креации за Латинските Музички Награди (фото)
- Детали
- петок, 28 април 2017
Џеј Ло двапати се разголе во провокативни креации по повод Billboard Latin Music Awards.
47-годишната латино убавица за црвениот тепих одбра црна креација со длабоко деколте, висок шлиц и многу засеци и извезени монисти.
Вртоглаво високите потпетици само го дополните сексапилот со кој зрачеше.
Нешто подоцна, црниот фустан го замени со сребрен, но не помалку гол.
Овојпат повторно сите атрибути беа на виделина, повторно со ист модел на потпетици.
На настанот, Џеј Ло промовираше нова песна на шпански, Mirate. Дома си ги понесе наградите за Социјален уметник на годината и посакуваната Ѕвезда-награда.
Официјално ја прогласуваме на кралица на сексапилот:
М. Д. | Црнобело