Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Песната за Џејмс Бонд ја напишала за 10 минути: Факти за Адел

Музиката се промени засекогаш кога во 2008 година Адел го издаде својот деби-албум со наслов „19“. Уживавме во нејзиниот прв огромен хит „Chasing Pavements“, додека „Someone Like You“ и  „Hello“ станаа на некој начин официјални музички химни за жени со скршени срца.

15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-01.jpg

Дали знаевте дека Адел е опседната со британската група „Spice Girls“ и дека мора да платите одредена цена за да се запознаете со неа во бекстејџ? Дознајте уште неколку интересни детали за популарната неодолива Адел:

Адел се прославила со помош на социјалната мрежа MySpace

Пејачката добила договор за снимање албум откако нејзин пријател прикачил демо песна на MySpace. Инди дискографската куќа XL Recording беше прогласена за најпопуларна издавачка куќа во 2011 година благодарение на успехот кој го постигна Адел.

15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-02.gif

Договорот за албумот „25“ паднал дури од вторпат

Адел сметала дека има доволно песни за својот трет албум „25“. Кога го однела материјалот на продуцентот Рик Рубин на мислење, тој ѝ рекол „Не ти верувам“. Продуцентот сметал дека песните немаат доволно длабочина и се направени во брзање, па Адел се фрлила повторно на работа.

Адел ја сака Ријана во своето друштво

Додека сите сакаат да се дел од друштвото на Тејлор Свифт, Адел има поинаква замисла. Во интервју за магазинот „Rolling Stone“ Адел изјавила: „Можеби Ријана може да биде дел од моето друштво. Тоа би било навистина кул. О Боже, таа е живот, нели? Ја сакам“.

15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-04.gif

Во 2008 година ја откажа музичката турнеја низ Америка поради нејзиниот тогашен дечко

Подоцна таа признала дека пиела премногу во тој временски период и тоа претставувала основата на нејзината врска со тој дечко. Не можела да поднесе да биде нез него, па едноставно рекла – Тогаш ок, ќе ги откажам сите мои работи. Дечкото, за среќа, е одамна отсутен од нејзиниот живот.

Адел и Блу Ајви на Бијонсе имаат нешто заедничко

Името! Целосното име на Адел е – Адел Лори Блу Аткинс. Нејзиното средно име е Блу, бидејќи нејзиниот татко обожувал блуз музика.

15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-05.gif

Адел учела со Леона Луис и Џеси Џеј

Трите пејачки биле дел од „BRIT School for Performing Arts and Techology“ истовремено. Интересно е што и Ејми Вајнхаус учела во истото училиште. Очигледно ова е училиште од кое излегуваат таленти.

15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-06.jpg

Првата песна која ја напишала Адел е „Hometown Glory“

Адел имала само 16 години кога ја напишала прекрасната Hometown Glory, посветена на населбата Западен Норвуд во јужниот дел на Лондон. Но, песната „Chasing Pavements“ бил првиот сингл промовиран од албумот „19“.

Адел е опседната со Spice Girls

Популарната група извршила огромно влијание врз страста и љубовта на Адел кон музиката, а таа обожавала да ги имитира пејачките како дете.

15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-07.gif

Запознавањето со Адел има цена

Доколку сакате да ја запознаете Адел позади бината ќе ве чини најмалку 20 долари кои треба да ги донирате во добротворни цели. Оганизацијата каде што одат донациите всушност ги поддржува сите оние кои се соочиле со смрт на бебе. За време на нејзината британско-европска турнеја, Адел собрала дури 13.000 долари за оваа  добротворна цел.

Музичкиот спот за песната „Hello“ е првиот снимен со IMAX камера

Не само што спотот за хитот „Hello“ е снимен со камерата со највисока можна резолуција, тој го срушил и рекордот со 50 милиони прегледи за само 48 часа.

Адел повеќе не пуши

Пејачката пушела по една кутија цигари на ден, но се откажала кога го добила својот син. „Го обожував пушењето цигари, но не е воопшто кул кога би умирала од болест поврзана со пушењето, а моето дете е уништено од разочарување“.

Нејзиниот омилен филм е „Кум“ на режисерот Копола

Адел го открила името на нејзиниот син 94 дена по неговото раѓање

Таа е прилично заштитнички настроена кон нејзиното синче Анџело и успешно тужела британски весник поради нивните папарацо фотки од детето.

15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-09.jpg

Песната „Skyfall“ за филмот Џејмс Бонд ја напишала за 10 минути

За оваа песна Адел освои Златен глобус и Оскар. А, пишувањето на песната траело само 10 минути. Тоа се нарекува вистински талент.

Таа не е само пејачка

Адел не е само вокалист, таа свири и гиитара, бас гитара и кларинет. Мултиталентирана во секој поглед, зарем има некој кој не ја сака прекрасната Адел?

15-raboti-koi-ne-ste-gi-znaele-za-Adel-10.gif

(О)Милена | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Плејбој модел за Леонардо ди Каприо: „Става слушалки на уши за време на секс, стар е и чуден“ „За време на сексот си ставил слушалки за да не ги слуша девојките. Лео е премно...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg