Познати личности кои ги надминале проблемите со нарушување во исхраната
- Детали
- петок, 07 април 2017
Нарушувањата во исхраната може да бидат опасни, страшни и тешки искушенија, а никој не е имун на нив.
Некои од најпознатите ѕвезди се имаат борено со овие проблеми и зборуваат отворено за тоа.
Овие славни личности ги надминале нарушувањата, а многу од нив важат за пример, за сите оние кои се соочуваат со проблеми поврзани со исхраната.
Лили Колинс
Актерката неодамна изјави дека имала многу голема поврзаност со нејзината улога во „To The Bone“: „Ова беше драматична улога за мене, бидејќи патев од нарушувања во исхраната, кога бев тинејџерка.“
Зејн Малик
„Нешто за што никогаш не сум зборувал во јавност, но го сфатив кога го науштив бендот е дека патев од проблеми со нарушувања во исхраната. Не дека имав грижи за тежината, туку едноставно некогаш поминуваа и по 2-3 дена без да јадам ништо.“ – изјавува поранешниот член на бендот One Direction.
Деми Ловато
„Ќе излажам ако кажам дека немало денови кога сакав да останам во кревет цел ден, затоа што се срамам од моето тело. Тоа е борба со која веројатно ќе се соочувам цел живот. Но имам уште многу време за живеење и не сакам да го трошам.“ – изјавила таа.
Хилари Даф
За периодот кога имала 18 години, таа кажува: „Бев премногу слаба. Тоа не беше здраво за мене и бев многу несреќна. Се сеќавам дека рацете ми се грчеа, бидејќи не внесував доволно хранливи материи. Тоа е лудост, не сакам да бидам таква, тоа не сум јас.“
Никол Шерцингер
Откако станала дел од Pussycat Dolls, таа се соочила со најголемата битка – 8 години имала булимија.
„Тоа е толку ужасно заболување и ми беше многу тешко. Мислев дека никој од групата и фамилијата не знаеше, бидејќи го криев добро. Бев многу засрамена. Знаев дека не е нормално и дека се повредувам со нарушеното јадење. Бев зависна. Никогаш нема да дозволам тоа да се случи пак.“
Џесика Алба
„Многу девојки имаат проблеми со нарушување во исхраната и јас бев дел од нив. Кога преминав од тело на девојка во тело на жена со нормалниот вишок на некои места, се преплашив. Тоа прави да се чувствуваш чудно, како да не си во сопственото тело.“ – изјавува Алба.
Порша де Роси
Таа има изјавено дека има издржано 10 дена без храна. „Јас сум на модна писта, позирам и се обидувам да бидам секси, а сите други модели ме исмејуваат поради моите бушави веѓи.
Кога влегов во автомобилот после тоа, ги земав моите омилени слатки, ја ставив целата глава во нив, а потоа си кажав: Што направив? Туку што си ја уништив диетата. И тогаш повратив.“
Зои Кравиц
„Мислам дека овој проблем беше дел од тоа да се биде жена и да си опкружен со слава. Дефинитивно мислам дека беше поради тоа што бев дел од тој свет и што го гледав тој свет. Бев под притисок.“ – признава ќерката на Лени Кравиц.
М. М. | Црнобело