3 успешни, славни жени ги откриваат утринските ритуали
- Детали
- вторник, 02 мај 2017
Утрата се веројатно најкритичниот период од денот, но тоа не е така за сите. Утринската рутина на Џенифер Анистон, Џесика Алба и Опра Винфри е нешто што реално ќе ве инспирира и мотивира.
Во продолжение проверете на што се должи нивниот успех, односно што прават овие познати дами веднаш откако ќе се „истркалаат“ од кревет.
Џенифер Анистон
Актерката го започнува својот ден околу 4:30 часот наутро. Најпрво пие една чаша топла вода со лимон, а дури потоа се мие и подготвува за следните активности. Дваесет минути медитација е следно нешто на нејзиниот распоред.
Веднаш потоа, Анистон го пие својот утрински шејк. Утринските активности ги завршува со два часа вежбање, кое најчесто е мешавина од јога и напорен тренинг во теретана.
Џесика Алба
Џесика Алба вообичаено се буди околу 5:30 часот. Нејзините дневни активности започнуваат со возење на стационарен велосипед или час по јога.
„Вежбањето не е моја омилена работа, но дефинитивно го ослободува стресот. Едноставно добивам нови идеи додека се растегнувам“ – потенцира Алба.
По физичката активност, таа се тушира, облекува и појадува. Нејзиниот појадок најчесто се состои од кафе со бадемово млеко, во комбинација со авокадо-тост или смути со кокосова вода.
Опра Винфри
Опра е дефинитивно еден од најголемите љубители на медитацијата. Таа се буди секогаш околу изгрејсонце и ја започнува својата дневна рутина со 20-минутна медитација. По медитирањето, таа најчесто пешачи на лента.
С. У. | Црнобело