Задникот на Ким чини 98 долари
- Детали
- четврток, 06 април 2017
Ова лето, имате можност да си го купите задникот на популарната Ким Кардашијан. За на базен, езеро или море.
Големите гуми се вистински хит и доминираат веќе некое време, не само на плажите и базените, туку и на социјалните мрежи.
Претходните неколку сезони минаа во знакот на белите лебеди, розовите фламинга и еднорозите, но претстојното лето не очекува нешто сосема поинакво – гуми во облик на задникот на Ким Кардашијан Вест.
Американската ѕвезда лансираше нова линија производи со свој потпис, а покрај запалки, маски за мобилен телефон и беjзбол капчиња, таа го претстави и „изумот“ што привлече најмногу внимание помеѓу армијата фанови. Гумата за пливање, која е копија на нејзината славна позадина, најпрво ги воодушеви, а потоа и разочара следбениците на атрактивната Ким.
Задникот на надувување е достапен само за преднарачки, ќе се испорачува во јуни, а за тоа задоволство ќе треба да издвоите речиси 100 долари. Високата цена шокираше дел од нејзините фанови, додека другите се толку воодушевени од производот, што одлучни се по секоја цена да ги минат сончевите денови, пловејќи со „задникот на Ким“.
Што мислите вие - вреди ли толку?
М. А. | Црнобело