Зошто Кејт Мидлтон се облекува како постара жена?
- Детали
- вторник, 04 април 2017
Никој не оспорува дека Кејт Мидлтон секогаш е средена од глава до пети, но честопати изгледа многу постаро од годините кои ги има.
Војвотката од Кембриџ има 35 години, но неретко се случува да изгледа како 60-годишна жена со изборот на облека.
Неколкупати дури има носено исти или барем слични фустани со принцезата Ана, Војвотката од Корнвол, па дури и со кралицата Елизабета.
Славната стилистка Наоми Истед ова го толкува на следниов начин:
„Мора да одбира класични и традиционални парчиња облека. Сепак, може да биде претерано формална кога нема потреба од тоа. Понекогаш и недостатокот на самодоверба може да ја тера да ја одбира оваа формалност.“
„Војвотката постојано се облекува пристојно, до толку што понекогаш го имитира стилот на повозрасни жени, за да остане доследна на нејзините кралски должности. Но, може барем да вметне впечатливи аксесоари во аутфитот за да изгледа младешки, но сепак кралски како што доликува.“
М. Д. | Црнобело