Ким Кардашијан преплашена од случаен минувач, по грабежот во Париз
- Детали
- понеделник, 03 април 2017
Ким Кардашијан дефинитивно успева да сврти погледи каде и да се појави. Сега тоа го направи во проѕирен бел фустан за доделувањето на модните награди во Лос Анџелес.
36-годишната старлета после пристигнувањето на црвениот тепих, вечерта ја помина со пријателка во ресторан каде ѝ се случи прилично непријатен и бизарен настан.
Пред само неколку месеци таа беше нападната и ограбена во Париз, а сега непријатните спомени како да и се вратија.
Случаен минувач пројде покрај неа и ја турна на страна, а нејзиниот телохранител брзо реагираше.
Сепак, иако првичната реакција според фотографиите ѝ е како да е преплашена, Ким брзо разјасни дека не се случило ништо страшно.
Н. Г. | Црнобело