Најчестите изговори на славните, и што тие навистина значат

И познатите личности се само луѓе од крв и месо. Им се случуваат грешки и непријатности, а баш како и сите други, за сторената глупост или инцидент имаат цел список на лажни изговори и извинувања како оправдување. Но, дали успеваат да не прелажат?

najchestite-izgovori-na-slavnite-i-shto-tie-navistina-znachat-1_copy.jpg

Порталот E! ги „дешифрираше“ само дел од најчестите изговори кои ѕвездите навистина ги користат за да го оправдаат скандалозното однесување, разделувањето со партнерите или непримерните содржини кои ги објавуваат на социјалните мрежи.

Како звучат нивните официјални соопштенија, а која е вистината?

„Постигнавме разумен договор да прекинеме.“  = „Некој некого изневери.“

„Ме хакираа!“ = „Не ми требаше да го објавам тоа.”

„Добив цвеќе на подарок, го држев додека возев, па нагло свртев, а тогаш водата ми се излеа на меѓуножјето.“ = „Се помочав во гаќи.“

„Исцрпен/а сум!“ = „Се враќам на рехабилитација!“

„Бевме ограбени!“ = „Претервавме со алкохолот и ја демолиравме бањата.“

„Дојам.“ = „Се изгладнував себеси за да го вратам својот изглед пред бременоста.“

„Испив една чашка повеќе, пред да седнам зад воланот.“ = „Пред да се качам во автомобилот, испив барем 10 пијачки повеќе.“  

„Мојот стручен тим објави погрешен опис под фотографијата на Инстаграм“ = „Не го водам сам/а својот профил на Инстаграм.“

„Имав девијација на септумот!“ = „Само сакав операција на носот.“

„Ќерката ми го зеде телефонот и напиша нешто глупаво на Твитер.“ = „Јас твитнав глупост.“

„Јадев суши доцна навечер.“ = „Бев во клуб.”

„Се сопнав и паднав во кујната.“ = „Никогаш нема да дознаете што се случи.“

„Се лизнав на водениот под во претсобјето.“ = „Никогаш нема да ви кажам што навистина се случи.“

М. А. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

„Никогаш во животот не би ѝ дал втора шанса“ – Првиот сопруг на Џеј Ло раскажува каков бил бракот со... Вели дека имал можност да види преку ноќ како Џеј Ло се променила и почнала да с...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...
Првата сопруга на Принц: Ја посвои на 16 години, на 19 ѝ ја одзеде невиноста, смртта на синот им го ... Кога првата сопруга на Принц имала 16 години, тој станал нејзин законски старате...
Шенон Доерти се подготвува за смртта: „Ги продавам сите материјални работи“ „Сега приоритет ми е мајка ми. Знам дека ќе ѝ биде тешко кога ќе умрам пред неа,...
Признанието за неверство на Дејвид Бекам, спуштените пантолони на Канје – Настани во шоу бизнисот шт... Двете бебиња на Парис Хилтон, разделбата на Меган Фокс и Машин Ган Кели, неплани...
Линдзи Лохан откако „се смири“ и стана мајка: „Едвај чекам искуствата да му ги пренесам на синот“ Некогаш беше најскандалозна девојка, а сега е сопруга на бизнисмен од Дубаи и ма...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg