Каде е и што прави сега братот на Анџелина Џоли?
- Детали
- вторник, 21 март 2017
Џејмс Хавен стана медиумска сензација откако страсно ја бакна својата сестра во 2000-тата година, на Оскарите. Но, оттогаш се изгуби.
Да почнеме од почеток.
Се потсетуваме на бакнежот кој предизвика бура од коментари и реакции:
Потоа долги години го оправдуваа бакнежот со секакви изјави.
„Прво, ние сме најдобри пријатели. И не беше бакнеж со отворена уста. Разочарувачки е што луѓето од убавите и чисти емоции прават циркуз,“ изјави Џоли за People во 2004-та.
Низ годините Анџелина и Џејмс се имаат појавено неколкупати заедно, а исто така тој присуствувал и на венчавката со Бред Пит во Франција, во 2014-та.
Џоли и нејзиниот брат на тој ден носеле по едно парче накит од нивната мајка за да и оддадат почит, откако во 2007-ма ја изгуби битката со ракот.
Што прави сега?
Откако веста за разводот на Џоли-Пит стана официјален, Џејмс е дадилка на близнаците Нокс и Вивиен.
Во 2016-та нејзиниот брат ја придружуваше на многубројни патувања за да има помош околу децата.
Што се однесува до кариерата, и Џејмс е во филмската индустрија и има неколку важни улоги во познати филмови како Original Sin, Monster’s Ball, а сега се пробува и како режисер.
М. Д. | Црнобело