Откритие на денот: Како Адел стигнува до бина?
- Детали
- среда, 15 март 2017
Адел моментално е на турнеја во Австралија, а заради големината на стадионот каде настапува, морала да смисли начин како да дојде од нејзината соблекувална до бината.
Нејзините внимателни фанови пред неколку месеци забележале дека пред самиот почеток на настанот, голем ковчег за опрема се носи до под бината, а ковчегот верно го следи личното обезбедување на Адел.
Па, сите почнаа да се прашуваат: Што има во ковчегот?
Во него се крие Адел и очигледно самиот транспорт до бината ѝ причинува непријатни емоции, бидејќи самата има кажано...
„Како пристигнувам од соблекувална до бина, прави да се препотувам. Не можам да ви кажам како пристигнувам сега за сега, ама кога ќе дојде време верувајте ми дека ќе се смеете.“
Н. Г. | Црнобело