Блејк Лајвли ја сподели единствената причина заради која е успешна
- Детали
- понеделник, 13 март 2017
Секој родител се соочува со предизвикот како да го воспитува своето дете и какви совети да споделува со него за да напредува како личност и да гради своја кариера.
Некои родители одлучуваат да ги притискаат своите деца да станат најдобри и најуспешни што можат, други ги оставаат сами да откријат што е тоа што ги интересира, а третите се некаде во златната средина.
На галата „L'Oreál Women of Worth“ Блејк Лајви реши да сподели со јавноста што ја научила нејзината мајка.
„Без разлика на тоа што правев на училиште, какви проекти имав, дали работев на нешто креативно, мајка ми секогаш ми велеше: „Не можеш да утнеш.“. И да можеби знаев да утнам одредени работи и да погрешам, ама со самиот факт што таа ме поттикнуваше да верувам дека не можам да погрешам, се чувствував како навистина да не можам да згрешам“ - изјави Блејк.
29-годишната актерка која изминатата недела ја погледнавме како уживаше во вечерна прошетка заедно со сопругот Рајан Рејнолдс и децата во Њујорк, вели дека благодарение на позитивноста на нејзината мајка успеала да изгради успешна кариера како актерка.
„Ризикував и правев работи кои да бев препуштена сама на себе, ќе се ограничував и немаше да ги правам“ - објаснува таа.
Н. Г. | Црнобело