8 докази дека принцезата Дијана била бунтовник во срце
- Детали
- четврток, 02 март 2017
Поминаа речиси 20 години откако принцезата Дијана го изгуби животот во сообраќајна несреќа воПариз. Милиони луѓе низ светот ја оплакуваа младата принцеза која го изгуби животот на само 36 години.
Таа беше омилената принцеза на народот. Покрај нејзиниот краток живот, остави траен белег врз кралството и светот. Принцезата секогаш зборувала дека не се води според правилата и дека го води народот преку срцето а не со главата и дека токму поради тоа секогаш запаѓала во неволји и проблеми.
Таа велела дека мора да има некој кој ќе оди помеѓу народот и ќе му покаже дека се грижи и дека го сака. На многу начини принцезата
Дијана покажала дека е бунтовник во срце и ја прекршила кралската традиција, а еве неколку од нив:
Принцезата престанала да носи ракавици и шешири како што налага кралската традиција
Таа сметала дека кога е помеѓу луѓе треба да има директен контакт со нив, а тоа не може да го направи, ако носи ракавици. Сакала да се поздравува со луѓето и да ги држи за рака. Исто така, не носела шешири затоа што не можела да ги прегрнува децата од големите шешири кои притоа и пречеле.
Сама си го напишала заветот за венчавката
Иако многу генерации наназад практикувале завет во кој жената му кажува на мажот дека ќе го почитува и слуша, принцезата Дијана одлучила да ја промени оваа. По нејзиниот пример се одлучиле и нејзиниот син Вилијам со принцезата Кејт да не го практикуваат овој завет.
Сакала нејзините деца да учат во јавно училиште
Принцот Вилијам бил прв од кралското семејство кој почнал да учи во јавно училиште. Таа сакала нејзините деца да учат заедно со обичните луѓе затоа што и таа самата работела во детска градинка пред да стане принцеза.
Сакала нејзините деца да имаат детство како сите други далеку од кралските обичаи
Принцезата најмногу време поминувала со нејзините деца. Многу често со децата излегувале помеѓу обичниот народ и ги носела во McDonald’s, се возеле со јавен автобус, возеле велосипеди, чекале ред во Дизниленд како сите други и ги облекувала во фармерки и капчиња да бидат како другите деца. Исто така, ги носела во болници и во засолништа за бездомници за да видат како изгледа животот далеку од гламурот каде што тие живеат.
Често го прекршувала кодексот на облекување
Се облекувала доста храбро за нејзината титула. Таа многу често знаела да излезе облечена во многу провокативни изданија со кои го кршела кодексот на облекување на кралското семејство. После аферата на принцот, таа излегла во мини фустан со деколте и стана вистинска сензација за медиумите.
Дала многу искрено интервју
Во 1995 година, таа тајно дала интервју кое го гледале повеќе од 21 и пол милиони луѓе. Во интервјуто таа зборува за проблемите во нејзиниот брак и славните афери на нејзиниот сопруг. Во интервјуто таа рекла дека на монархијата очајно и недостасува степен на модернизација. Исто така, признала дека имала афера со нејзиниот инструктор за јавање коњи и дека била длабоко повредена од тајната врска на нејзиниот сопруг со неговата денешна сопруга Камила. Кажала дека во нејзиниот брак отсекогаш биле тројца: таа, нејзиниот сопруг и Камила.
Зборувала јавно за растројства во исхраната и ментални заболувања
Самата принцеза страдала од булимија, која таа вели дека ја добила заради стресот од постојаните проблеми во бракот. Нејзиното дело го продолжиле нејзиниот син Вилијам и принцезата Кејт кои исто така, многу се залагаат за подигање на свеста кај луѓето за овие болести.
Уживала во сингл статусот
После разводот од принцот Чарлс, таа јавно уживала во сингл статусот. Одела на одмори, забави, и уживала во кратки романси со повеќе шармантни и богати мажи.
А. В. | Црнобело