Најкратките бракови во Холивуд и колку чинеле
- Детали
- вторник, 21 февруари 2017
Холивудските венчавки се гламурозни и чинат многу, но тоа ретко кога е гаранција за среќен и хармоничен брак.
Постојат многу скапи бракови во кои двете страни тежат милиони, но сепак рокот на траење им е ограничен.
Ова се 10-те најскапи и најкратки бракови во историјата, подредени според популарноста која ја уживаа:
Секако први на листата се Ким Кардашијан и Крис Хамфрис, чиј брак траеше 72 дена, а тој ги чинеше по 136,364 долари од ден.
Следни на листата се Трејси Едмондс и Еди Марфи, кои беа во брак само 14 дена и секој од тие 14 дена ги чинеше 35,513 долари.
За За Габор и Фелипе де Алба дефинитивно го држат рекордот - биле во брак само 24 часа и тој ден ги чинел 37,284 долари.
Марио Лопез и Али Ландри биле во брак 14 дена и секој ден од тие 2 недели ги чинел 10,652 долари.
Крис Катан и Саншајн Тут биле во брак дури 59 дена и секој ден ги чинел по 10,531 долар.
Памела Андерсон и Рик Саломон „издржале“ во брак 170 дена, но на дневно ниво бракот ги чинел вртоглави 935,000 долари.
Повторно Памела Андерсон, но овојпат со Кид Рок, издржала 182 дена, и за чудо овојпат тоа ги чинело по 546 долари на ден.
Етел Мерман и Ернест Боргнајн биле во брак 144 дена и тој брак чинел само по 172 долари на ден.
Бритни Спирс и Џејсон Александер се солидни рекордери бидејќи нивниот брак траел само 2 дена, а за среќа не ги чинел многу - само 416 долари по ден.
Последни на листата се Ники Хилтон и Тод Меистер, кои беа во брак 85 дена, но иако се вртоглаво богати, дневно бракот ги чинел по само 10,5 долари.
*Цените на ниво на ден се однесуваат на парите кои ги потрошиле при склучување на бракот и свадбената церемонија.
М. Д. | Црнобело